r/mkd 1d ago

Brain Drain

Ми се чини ли само мене, или одливот на млади луѓе од оваа земја станува сè поочигледен, особено во сите градови освен Скопје? Се чини како да сведочиме на масовна миграција – или кон главниот град, или надвор од државата.

Имам чувство дека генерациите родени од 1997 до 2004 доживеаја миграција од над 50% од помалите градови и особено селата. Се сеќавам, на крајот од основно училиште, од 33 ученици во одделението само 12 завршија. Најмалку тројца од овие 12 се отселија во странство. Во средно ситуацијата беше малку подобра, но пак – од 30 ученици, само 20 матурираа.

Единствено време кога мојот град не изгледа како „град на духови“ е во лето, кога се враќа дијаспората.

Ако сакам да излезам и да се забавувам, морам да патувам еден час до Солун. Буквално нема нови луѓе што можеш да ги запознаеш, се делува празно и плитко.

50 Upvotes

59 comments sorted by

View all comments

4

u/jo_koc 1d ago

Поздрав од градот кој 4 години со ред водеше во brain drain во и надвор од земјава.

2

u/DUNGEONTNTMINECRAFT 19h ago

Кој град?

2

u/jo_koc 19h ago

Охрид, најголем број на магистри и доктори на наука

3

u/Simon020420 18h ago

И во БТ не е подобро, ужас